Граѓани повикуваат на бојкот на маркети во Македонија
На социјалните мрежи се споделува фотографија која повикува на бојкот на маркети на ден 31.01.2025 (петок) под мотото „Попусто попусти кога цените се исти“
Граѓани на социјалните мрежи повикуваат на бојкот на маркетите поради високите цени.
На социјалните мрежи се споделува фотографија која повикува на бојкот на маркети на ден 31.01.2025 (петок) под мотото „Попусто попусти кога цените се исти“
Дел од корисниците на социјална мрежа Икс, покрај бојкот на маркети, повикуваат на бојкот и на кафулиња, ресторани, сендвичари.
Абе ај стварно да организираме бојкот на маркети, кафани, ресторани … многу сме шупаци само ние ќутиме цел Балкан тера некоја активност.
— AristoCat (@AristoCat221) January 27, 2025
Инаку во Хрватска започна масевен бојкот на тамошните маркети, а слична акција се најавува и во Црна Гора.