Граѓани на Кочани на протест во Паркот на револуцијата

На собирот немаше официјален говор, а присутните истакнаа дека се организирале спонатано, со повик преку социјалните мрежи. Со пораки испишани на транспаренти, тие порачаа дека бараат правда, a правосудните институции да го расчистат случајот до крај.

Шест дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, граѓаните на Кочани попладнево во Паркот на Револуцијата организираа едночасовен протестен собир во знак на почит кон загинатите и со поддршка за закрепнување на повредените.

На собирот немаше официјален говор, а присутните истакнаа дека се организирале спонатано, со повик преку социјалните мрежи. Со пораки испишани на транспаренти, тие порачаа дека бараат правда, a правосудните институции да го расчистат случајот до крај.

– Сите загинати и повредени ги чувствуваме како наши деца. Со длабока болка тагуваме поради несреќата што се случи и им даваме поддршка на нивните родители и блиски да имаат сила да го издржат сето ова. Очекуваме целосно разоткривање на причините и виновниците кои ја предизвикаа оваа страшна трагедија и градот го завија во црно. Истовремено, се молиме повредените дечиња што побрзо да закрепнат и да се вратат дома, истакна Марин Стојанов, учесник на собирот.

Граѓаните повторно им дадоа поддршка и на лицата од обезбедувањето во дискотеката, кои ги извлекувале и спасувале младите, а наместо да се лекуваат од повредите, тие се осомничени и се наоѓаат во притвор.

Собирот заврши со мирен марш по улиците во централното градско подрачје на Кочани, а граѓаните порачаа дека ќе продолжат да се собираат и во наредните денови