
Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ утринава го блокираше сообраќајот на мостот „Близнаци” меѓу општините Аеродром и Гази Баба.
– Овој чекор го преземаме поради немањето слух на надлежните органи за нашите барања и се поголемото труење кое му се прави на овој народ, наведуваат во најавата за протестот од „Стоп за Вардариште“, кои изминатите денови на истата локација организираа протести во тек на вечерните часови.
Како што претходно најавија организаторите на протестот, овој чекор го преземаат поради немањето слух на надлежните органи за нивните барања и се поголемото труење кое доаѓа од пожарите на депониите Вардариште и Дрисла, но и поради пожарите на други локации, како оној во Трубарево.