
Граѓаните тврдат дека се 160.000, а МВР ги преброи 39.000 присутни на комеморативниот собир во Нови Сад
Бројките околу денешната комеморација во Нови Сад предизвикаа лавина од реакции и сомнежи во транспарентноста на официјалните проценки од страна на Министерството за внатрешни работи на Србија (МУП).
Бројките околу денешната комеморација во Нови Сад предизвикаа лавина од реакции и сомнежи во транспарентноста на официјалните проценки од страна на Министерството за внатрешни работи на Србија (МУП).
Според адвокатот и потпретседател на ЛСВ, Александар Оленик, на собирот по повод годишнината од падот на надстрешницата на Железничката станица присуствувале меѓу 140.000 и 160.000 луѓе. Оленик изјави дека тоа се „полициски проценки“, истакнувајќи дека „властa веќе година дена нема легитимитет и владее со пропаганда и гола сила“.
Од друга страна, Министерството за внатрешни работи на Србија (МУП) објави сосема поинакви бројки. Според нивното соопштение, „во пиковниот момент на комеморативниот, непријавен собир, од 11:52 до 12:08 часот, во Нови Сад имало 39.000 граѓани“. МУП прецизира дека потоа дел од присутните се разишле, а еден број се задржал на Кејот на жртвите на рацијата.
Иако инциденти не се регистрирани, јавноста сепак реагира на манипулацијата и пропагандата од страна на институциите. Дел од аналитичарите предупредуваат дека контрадикторните бројки се користат за политичка манипулација и контрола на наративот односно за потценување на граѓанската мобилизација.
Оленик повтори дека „изборите се единствено решение“, додавајќи дека претседателот Александар Вучиќ „бега од нив до последниот пендрек и последната лага“.
Според официјалното соопштение на МУП, сите мерки биле спроведени согласно законските надлежности, а безбедноста на граѓаните и имотот била приоритет.