Граѓаните реагираат на опомените од „Сејф сити“ за возење со брзина од 51 км на час

Граѓаните реагираат дека нема доволно знаци низ скопските улици на кои е наведена дозволената брзина на движење, иако во законот е прецизирано дека максимално дозволена брзина во населени места е 50 км/час.

Во првите 12 часа од пробното функционирање на „Сејф сити“ системот регистрира неверојатни 65.000 прекршоци, од кои за поминување на црвено светло 2.800 и нерегистриран автомобил 1.000.

Сообраќајната култура не е баш силна страна на возачите низ скопските улици, но граѓаните на социјалните мрежи најмногу реагираат за опомените кои доаѓаат за возење со брзина од 51 км на час.

Граѓаните реагираат дека нема доволно знаци низ скопските улици на кои е наведена дозволената брзина на движење, иако во законот е прецизирано дека максимално дозволена брзина во населени места е 50 км/час.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера го посети објектот, каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City) откако стартуваше пробниот период за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци,

„Нема толеранција за несовесно возење, без разлика дали е во градска зона или на отворен пат. ‘Безбеден град’ е проект кој штити животи и ја враќа дисциплината во сообраќајот“ – рече Тошковски.

Пробниот период на системот, кој започна денеска, ќе трае до Нова година, односно до 31 декември. Дотогаш возачите ќе добиваат само предупредување, односно известување за сторен прекршок, без изрекување казни.

Од јануари идната година системот ќе почне целосно да се применува.