Армијата, претседателот и религиозните институции – ова се трите сектори во земјава што уживаат најголема доверба на граѓаните, а судските инстанции уживаат најниска доверба.
Тоа го покажува најновото истражување на Центарот за европски стратегии – ЕВРОТИНК.
Најголема доверба граѓаните имаат во Армијата (47%), потоа Претседателот на државата (31%), па религиозните заедници (30%).
Најмалку им веруваат на судската власт и обвинителството (8%).
Истражување и испитувањето на мислењето на граѓаните поврзани со евроинтреграцискиот процес на Македонија покажале дека „најголем дел од граѓаните остануваат упорни поддржувачи на Европската Унија“.
Речиси три четвртини (74%) од граѓаните би гласале позитивно на референдум за влез во ЕУ, а една третина сметаат дека интеграцијата на земјава во Унијата ќе се случи во наредните пет години – покажува истражувањето на ЕВРОТИНК.