Артилериски гранати паднаа врз градот во близина на најголемата нуклеарна централа во Европа, а руски ракети паднаа во близина на црноморското пристаниште Одеса.
Во исто време, Украина предупреди на потенцијалот за посериозни напади од страна на Русија бидејќи се наближуваат шест месеци од почетокот на војната.
Во среда се одбележуваат 31 година од независноста на Украина од советската управа, како и половина година од инвазијата, а претседателот Володимир Зеленски повика на претпазливост, велејќи дека Москва може да се обиде „нешто особено грдо“, пишува Ројтерс.
Во неговото доцна вечерно видео обраќање во неделата, Зеленски рече дека разговарал за „сите закани“ со францускиот претседател Емануел Макрон и дека е испратена порака до другите светски лидери, вклучително и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
– Сите украински партнери се информирани за тоа што може да подготви терористичката држава оваа недела, рече Зеленски, мислејќи на Русија.