Најмалку 13 мртви тела биле извадени од под урнатините на фабрика за леб денеска во украинскиот град Макарив, во регионот на Киев, јавија локалните служби за итни работи. Руските сили ја гранатирале фабриката.
„Рускиот окупатор го гранатираше државното претпријатие „Пекара Макарив“, во регионот на Киев“ – објави на Твитер, првата заменик министерка за надворешни работи на Украина, Емине Јапарова.
Петмина се спасени, а во фабриката, според информациите, за време на нападот имало околу 30 лица.