Град Скопје: Фирма од Чаир без дозволи монтира рингишпил во Карпош – децата не се безбедни

Град Скопје информира дека правното лице Дизниленд Реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош, пред СЦ „Борис Трајковски“.

„Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, презема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи.

Ги повикуваме надлежните институции и апелирам да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие“ – велат од Град Скопје.