Град Скопје: И покрај сите блокади во Советот, инвестираме и реализираме голем број капитални проекти

Од Град Скопје информираат дека и покрај сите блокади во Советот, инвестираат и реализираат голем број капитални проекти кои суштински на подобро ќе го променат движењето и животот во главниот град.

Од Град Скопје информираат дека и покрај сите блокади во Советот, инвестираат и реализираат голем број капитални проекти кои суштински на подобро ќе го променат движењето и животот во главниот град.

„Токму еден таков проект е изградбата на булеварот Љубљанска чија прва фаза на реализација се завршува вклучително со изградбата и на подземната инфраструктура. Согласно проектот се работи за ново булеварско решение со поврзување на нов мост на реката Вардар од таканаречен тип “extradosed bridge”.

-Ова сообраќајно решение ќе го олесни движењето на граѓаните на Општина Карпош директно поврзувајќи ги со улицата Скупи. Ваквото решение не само што ќе го скрати времето на патување туку и значително ќе го намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот. На овој потег истовремено покрај булеварското решение се гради и нова велосипедска и пешачка патека со соодветно партерно уредување“, велат од Град Скопје.