Град Скопје до Славески: Со елементарно непознавање правиш трајна штета на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

„Сакајќи кај твојот шеф Мицкоски да се оправдаш за штетата која ја правиш од твоето елеметарно непознавање на законите кои го тангираат градот и општините, не само себеси што се ставаш во незгодна ситуација, туку и трајна штета им правиш на градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ, кои иако имаат буџетски календар изгласан од Совет, немаат предлог буџет доставено, а рокот им бил до вчера“, велат од Град Скопје.

Од одделението за односи со јавност на Град Скопје до јавноста е доставена реакција на изјавата на претстедателот на Советот на Град Сопје, Трајко Славески во однос на роковите за поднесување на предлогот за градскиот буџет во наредната 2025 година.

„Кулминација на незнаењето на Трајко Славески. Господине Трајко, сакајќи кај твојот шеф Мицкоски да се оправдаш за штетата која ја правиш од твоето елеметарно непознавање на законите кои го тангираат градот и општините, не само себеси што се ставаш во незгодна ситуација, туку и трајна штета им правиш на градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ, кои иако имаат буџетски календар изгласан од Совет, немаат предлог буџет доставено, а рокот им бил до вчера.

Ќе побараш ли од нив одговорност Трајко?

Или да почекаме што стратегија ќе направите да се извадите и од овие глупости во кои сами се вовлековте од незнаење, со единствена цел да наштетите некому а преку тоа на цел град, за ситни политички поени“, се вели во реакцијата на одделението за односи со јавност на Град Скопје.

Претходно претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, изјави дека градоначалничката Данела Арсовска деновиве ја пее својата “лебедова песна”.

„На аргументираните ставови изнесени на прес конференција од страна на членот на Совет, Стефан Кирков од советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ, таа повторно криејќи се зад псевдонимот “град Скопје”, во соопштение истура куп лаги и гадости за што најмалку што може да направи е јавно да му се извини на господинот Кирков.

-Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку советникот Кирков ја извести јавноста за непочитување на законски и други прописи кои се однесуваат на процедурата за носење буџет на град Скопје. Имено, Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа во член 27, ставовите 4 и 5, ја пропишува процедурата за носење буџет на општина, а со тоа и на град Скопје.

-Таму е пропишано дека градоначалникот доставува предлог-буџет за наредната година до советот во рок утврден со буџетски календар. Совет на град Скопје во март оваа година има донесено Буџетски календар за 2024 година, објавен во Службен гласник на град Скопје (види прилог) каде е предвидена обврска на градоначалникот Арсовска предлог-Буџет за 2025 година до Совет да достави најдоцна до 10 декември, а не како што манипулативно се наведува во соопштението, седум дена пред расправата за буџет во Совет на град Скопје, рече Славески.