Под налетот на разурнувачката бура поплавени се станбени и деловни објекти, а надојдената вода од океанот отсече цели квартови, појасни тој.
„Некои од тие области како Кејп Корал, градот Форт Маерс – се навистина уништени од ураганот“, рече ДеСантис.
„Иан“ е еден од најмоќните урагани што го погодиле југоисточниот дел на САД изминатите неколку децении. Иако бурата е ослабна до трета јатегорија, од националниот центар за урагани и првите луѓе а сојузната држава предупредуваат дека ураганот се уште има разорна моќ.
„Опасноста се уште не е помината. Не очекуваат неколку тешки денови.“ – изјави Рон де Сантис – гувернер на Флорида.
Брод со мигранти потона во близина на траекторијата на ураганот, кај островите Кис, а крајбрежната стража на САД сè уште трага по 20 лица…речиси два милиона домови во Флорида останаа без струја, а повеќето од нив се во близина на патеката на бурата. Во градот Наплес, во југозападна Флорида, улиците се под вода, а поројнииот дожд носеше автомобили и бродови. Во градот Форт Мајерс, пак неколку населби наликуваат на езера.