Иако синоќа дел од камионите на „Комунална хигиена“ со полициска асистенција излегоа да чистат, а дел од скопските градоначалници се самоорганизираа и со помош на други градови собраа дел од насобраното ѓубре, сепак неколкудневното таложење и насобирање на отпадот не беше лесна мисија за да се собере за неколку часа, па утринава скопјани повторно се разбудија претрупани во ѓубре и смрдеа.
За денеска е најавен состанок на градоначалниците од Скопскиот плански регион на кој ќе расправаат за состојбата со хигиената во Скопје
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски утринава за „Телма“, рече дека во координација со другите градоначалници ќе се разговара за одземање на ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена”.