
Градоначалничката на Сараево Бенјамина Кариќ за денеска најави протестна прошетка по повод бруталното убиство на Низама Хеќимовиќ во Градачац и ги повика сите граѓани на Сараево да се приклучат во знак на протест против сите видови насилство, особено против насилството врз жените.
„Градот Сараево ќе биде иницијатор и организатор на протестната прошетка. Време е институциите да преземат одговорност и да дадат дополнителен кредибилитет и сериозност на ситуацијата која е алармантна. Ве поканувам – понеделник на мирна, достоинствена протестна прошетка, во 18 часот“ – соопшти Кариќ.
Таа ги повика и сите политичари без разлика на партиската припадност денеска да одвојат еден час и да се придружат на прошетката.
„Мое Сараево, ова е минимумот што можеме да го направиме. Покрај ова, дозволете ми да упатам апел. Апел до медиумите да ја следат оваа тема, да не дозволат системот повторно да потфрлиа, да известуваат, да истражувааат, да не информирта. Бидете посветени, неуморни и професионални во ова“ – изјави градоначалничката.