Градоначалникот на јужниот либански град Набатие е убиен во израелски напад

Во израелски напад денеска врз јужниот либански град Набатие, загинаа неколку луѓе, меѓу кои и градоначалникот на градот, изјави гувернерот на Набатие, Хаваида Турк.

Во израелски напад денеска врз јужниот либански град Набатие, загинаа неколку луѓе, меѓу кои и градоначалникот на градот, изјави гувернерот на Набатие, Хаваида Турк.

Претходно, Турк изјави дека биле извршени десетина напади врз градот, кој е под контрола на либанското шиитско движење Хезболах и неговите сојузници, шиитското движење Амал. Зафатена беше и периферијата на градот.

Либанското Министерство за здравство извести за пет лица кои загинаа во израелските напади врз Набатие.

Од почетокот на отворената војна меѓу Хезболах и Израел на 23 септември, најмалку 1.356 луѓе се убиени во Либан.

Најмалку 15 лица загинаа во израелските напади врз јужниот либански град Кана. Во меѓувреме, Израел рано утринава ги погоди јужните предградија на Бејрут, за прв пат по речиси една недела.

Либанската цивилна одбрана соопшти дека 15 тела се извлечени од урнатините и дека спасувачките операции продолжуваат.