Тетовскиот градоначалникот – Биљал Касами заедно со вработените на комуналното претријатие синоќа работеше во расчистување на снегот и мразот од тротоарите.
Од фотографиите на социјалните мрежи се гледа како Касами заедно со директорот на ЈКП Тетово, Нуредин Фетаи со лопати во раце копаат и отстрануваат снег и мраз од замрзнатите градски тротоари.
Им помагаа и на работниците во фрлањето на сол.
„Додека сите на овие ниски температури се во своите домови, хероите на градот се грижат за јавните простори. Вечерва заеднички ги исчистивме тротоарите од снегот и мразот создаден од ниските температури .Безбедноста и слободното движење на граѓаните е наша должност“ – рече Касами.