Градоначалникот на Кисела Вода, Ѓорѓиевски треба да плати казна од 90.000 евра

Орце Ѓорѓиевски – градоначалникот на скопската општина Кисела Вода добил казна од речиси 90.000 евра за непрописно одлагање на наталожениот отпад собран од улиците во општина Кисела Вода, информираа од општината.

Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, пред два дена го истурија насобраниот отпад од двете општини пред „Дрисла“, откако од депонијата одбија да им дозволат ѓубрето да го истурат внатре.

Од претпријатието „Дрисла“ преку соопштение истиот ден информираа дека двајцата градоначалници направиле кривично дело против животната средина.

Засега нема информации дали казна заработил и Муцунски.