Градоначалникот на северниот израелски град Метула, Давид Азолај, рече дека неговиот град, кој се наоѓа во близина на границата со Либан, е оставен на цедило од премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата влада.
„Вчера беа оштетени три куќи, а изгореа сите дворови на улицата. Оштетени се околу 40 проценти од приватните куќи, а во претходните осум месеци изгореа близу 200. Израелската влада ја нема, а премиерот е веројатно зафатен со други работи“, рече Азолај за Военото радио.
Од 8 октомври, по почетокот на војната меѓу палестинскиот Хамас и Израел, либанскиот Хезболах речиси секој ден со ракети, беспилотни летала и противтенковски ракети ги напаѓа израелските населби и воени објекти на границата на двете земји.