Ниту дадов дозвола, ниту забрана за отварањето на приватен македонски културен клуб „Никола Вапцаров“, вака за бугарски 24 часа го искоментира градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов настанот в недела, кој е во организација на огранокот на ОМО-Илинден Пирин. Посочува дека настанот нема никаква врска со општината и доколку некој шпекулира со неговото име и со институцијата, која тој ја раководи е лага.
„Група луѓе изнајмиле простории од приватно лице и решиле да направат клуб. Општината нема да го официјализира овој приватен настан. Добив покана за отворањето, но нема да одам“, вели Стојанов.
Бугарските медиуми посочуваат дека повод за изјавата на градоначалникот на Благоевград е соопштението објавена од ОМО-ИЛинден Пирин на фејсбук дека отварањето на македонскиот клуб официјално го дозволил Стојанов.
Од друга страна Универзитетскиот професор на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, Стојко Стојков, кој живее во Сандански за Телма појаснува дека целата процедура за отварање на клубот во недела во Благоевград е запазена.
„За отврањето на таков клуб нема потреба од дозвола, а самиот акт на отварање , односно собирање на граѓаните , се врши известување на градочалникот и тој има 24 часа да забрани ако има проблем. Во овој случај нема таква забрана. Целата процедура е запазена“, вели Стојков за Телма.
Наташа Котлар од Македонскиот институт за историја прашува во која функција ќе се отвори приватниот македонски клуб во Благоевград, дали како израз на бугарските културни потреби или на македонски.
Претпоставувам дека бугарската држава не дала никаква согласност дека таму Македонците можат да се здружат. Не знам во која функција ќе го отворат, како израз на бугарските културни потреби или на македонските?Тоа треба да ни го каже другата држава. А друго, ако сака другата држава да гради добрососедски односи со нас, треба прво да ги познава македонската посебност, македонската историја и култура, да не ни се случува нивниот претседател Радев да ја топори бугарската култура и историја, заземајќи ја македонската.
На отварањето на клубот се најави првиот македонски опозоционер, Христајн Мицкоски, со делегација на ВМРО ДПМНЕ, а македонскиот премиер Димитар Ковачевски нема да присуствува на отворањето на клубот, но ги повика сите граѓани што имаат можност, особено граѓаните од Благоевград и на пограничните места да присуствуваат на отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград и им порача оти ваквите настани ги зближуваат граѓаните.