Градоначалникот на Белград поднесе оставка

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, најави дека формално се повлекува од таа функција, но дека ќе продолжи „посветено да го води Белград до денот на изборите“ и, како што соопшти градската управа, „до конечните проверки на довербата на граѓаните.

„Штотуку поднесов формална оставка од функцијата градоначалник на град Белград, за да почнам да создавам законски услови за одржување на изборите, кои покрај парламентарните и покраинските избори би се одржале на 17 декември и на ниво на Белград“, рече градоначалникот Александар Шапиќ.

Тој е потпретседател на владејачката Српска напредна партија и поранешен ватерполо репрезентативец на Србија.