„Го тргне ли Петков ветото за Македонија, другиот ден веќе нема да е премиер“

„Иако бугарскиот премиер Кирил Петков има силна желба да го тргне односно укине ветото за С. Македонија, тој нема да го стори тоа, бидејќи следниот ден нема да биде премиер, а Владата ќе падне“.

Ова е ставот на Петар Витанов – шеф на делегацијата на бугарските социјалисти во Европскиот Парламент.

Витанов рече дека бугарските граѓани нема да останат рамнодушни доколку Владата одлучи да го укине ветото во сегашната состојба на преговорите.

Тој тврди дека добивањето на парите од европскиот план за одржлив развој е забавено и сето тоа може да се поврзе со бугарското вето за земјава.

Витанов вели дека и ова е еден вид на политички притисок на кој Бугарија не треба да подлегне.