Сопругот на Камала Харис – Даг Емхоф, се најде на удар на критики откако некои медиуми објавија дека ја изневерил својата прва сопруга и наводно имал дете со дадилката на семејството.
„Дејли Мејл“ пишува дека Емхоф признал дека имал афера додека бил во брак со својата прва сопруга.
Емхоф даде изјава за американскиот CNN откако британскиот таблоид напиша дека ја изневерил својата прва сопруга Керстин и дека е во врска со „русокоса дадилка“ на која наводно, тој и направил дете.
Жената со која беше во врска, Најен Нејлор (47) не го негираше сознанието кога новинарите на Дејли Мејл тропнаа на вратата од нејзиниот дом во Хемптонс.
Таа не сакаше ништо да коментира, само рече: „Сега сум многу шокирана“.
Блиска пријателка, која била запознаена со аферата и наводната бременост на Најен, изјавила за Дејли Меил дека таа не го чувала детето, но тврди дека видео од „мистериозна девојка“ по име Брук било видено на социјалните мрежи во 2009 година, кога се родило дете.
Друга пријателка, Стејси Брукс, која родила близнаци во исто време кога Најен наводно требало да се породи, исто така не негираше ниту едно од тврдењата – но рече дека нема да открива дополнителни информации без дозвола на Најен.
Кога вистината излезе на виделина, според DailyMail, настанала паника меѓу блиските соработници на Камала Харис, пред изјавата на Емхоф.
Емхоф и неговата прва сопруга се разделија во 2009 година по 16 години брак, наводно откако Керстин дознала за аферата. Нивната ќерка Ела имаше 10, а синот Кол 15 во тоа време.
Изворите рекоа дека по аферата, Нејлор морала да ја напушти работата како учителка во елитното приватно основно училиште во Калвер Сити, Калифорнија, каде што ги подучувала децата на Емхоф и исто така работела како дадилка за парот.
Даглас Емхоф (59) е адвокат кој одигра голема улога за време на претседателската кампања на Џо Бајден во 2020 година.
Тој е роден во Бруклин и се преселил во Јужна Калифорнија со своето семејство кога бил тинејџер.
Неговата и приказната на Камала започнува на состанок на слепо. Имено, клиентот на Даглас и пријателката на Камала ги зближиле во 2013 година, кога Харис беше позната политичарка во нејзината држава Калифорнија.
Во пресрет на нивната средба, Емхоф се јавил и оставил долга говорна пошта, на која Харис одговара на секоја годишнина. Оттогаш се заедно, а се венчаа во 2014 година во Санта Барбара.