Го осудуваме невидениот притисок од страна на Владата врз судството и обвинителството, велат од ДУИ

Ситуацијата станува уште позагрижувачка кога партиски активисти се именуваат на највисоките позиции во правосудниот систем, загрозувајќи ја неговата независност и кредибилитет, обвинија од ДУИ.

Оваа флагрантно мешање, придружено со конформизмот на одредени актери во овие институции кон политичкото влијание, го доведува во прашање вербалното залагање на власта за воспоставување на правна држава. Ситуацијата станува уште позагрижувачка кога партиски активисти се именуваат на највисоките позиции во правосудниот систем, загрозувајќи ја неговата независност и кредибилитет, обвинија од ДУИ.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за време на традиционалниот говор на новогодишниот прием, потсети на неколку средби во 2017 година со актуелниот премиер Христијан Мицкоски, пратеници од ВМРО и други високи функционери на оваа партија, кои се жалеа на конформизмот на одредени обвинители и судии.

„За жал, денес се повторува истиот пристап, дури и со поголем интензитет од страна на оние што некогаш го критикуваа тоа. Овој вициозен круг на конформизам и политички интервенции не е само напад врз независноста на правосудството, туку и ризик за самите темели на правната држава.

Како таков, тој ја уништува довербата на граѓаните во институциите, ја подрива поделбата на власта и создава опасни преседани кои можат да ја оштетат демократијата и иднината на земјата на долг рок.ДУИ апелира за одговорен пристап и за почитување на принципите на независноста на правосудството. Политичките интервенции и клиентелистичките практики не смеат и не треба да бидат норма во функционирањето на нашата држава.

Во едно демократско општество, правосудството мора да биде заштитник на граѓаните, а не инструмент на политички притисоци.ДУИ, исто така, апелира до меѓународната заедница да реагира на оваа загрижувачка состојба. Независноста на правосудството е еден од клучните столбови на демократските процеси и европските вредности, и секоја политичка интервенција што ја загрозува таа независност бара итно внимание.

Меѓународната реакција е клучна за да се обезбеди дека нашата земја, Република Северна Македонија, нема да се оттргне од патот на правната држава и евроатлантските интеграции.Демократската унија за интеграција останува цврсто посветена на заштита на независноста на институциите и зачувување на интегритетот на нашиот правосуден систем. Затоа, ги повикуваме сите страни да размислат за последиците од овие интервенции и да го стават интересот на граѓаните над теснопартиските интереси“ порачаа од ДУИ.