Гоце Наумовски избран за нов уставен судија

Наумовски се најде на списокот на советници на Владата кој беше објавен во јануари минатата година, а како што пишуваше, тој го советувал премиерот за прашања од областа на правото.

Професорот од Правниот факултет Гоце Наумовски кој му беше советник на премиерот Христијан Мицкоски на собраниска седница со 63 гласа „за“ е избран за нов судија на Уставниот суд. Против беа седум, а немаше воздржани.

Наумовски се најде на списокот на советници на Владата кој беше објавен во јануари минатата година, а како што пишуваше, тој го советувал премиерот за прашања од областа на правото.

Тој е редовен професор на катедрата Римско право и предава неколку предмети, Римско право, Право и информатичка технологија, Право на трговски марки и географски називи; Патентно право, Спортско право, Реторика, Интелектуална сопственост, Правна реторика и аргументација.

Тој треба да дојде на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд. Оставката, како што информираат од Уставниот суд, е поднесена поради здравствени и лични причини.