Масовни приеми во јавни претпријатија како предвесник на изборите кои стигнуваат. Бројните огласи осамнаа по јавните претпријатија. Дали партиите ја злоупотребуваат нивната положба дискутираме со проф. д-р Драган Гоцевски.
Најголемиот пораст на вработување е меѓу 2012-2016 година. Од 12.000 на 16.000 во дражвна администрација. На ниво на јавен сектор се консолидира дури 6-7 извештаи подоцна. Целиот вкупен број се стабилизира на 130.000 вработени, започнува Гоцевски.
Гостинот вели дека не е забрането никој да промовира вработувања, но тој посочува друг момент овде.
За да станува збор да имаме проблем за злоупотреби и проблеми треба да имаме „ветени места“. Квалификациите кои се пропишуваат таму да бидат кон конкретен поединец. Тогаш може да зборуваме за поширока спрега, вели гостинот Гоцевски.
Гоцевски се осврнува и на јавната администрација.
Никој не е на сила вработен во јавна администрација, но проблем е кога се вработува кандидат кој не ги поседува потребните квалификации, додава тој.
Тој го посочува феноменот дали уште е атрактива администрацијата. За споредба ја зема 2007 година, а по неговите анализа и не е така многу атрактива, односно таа е подобна само за оние кои тоа го бараат.
Ако се споредува со други држави Северна Македонија нема преголем број на вработени во јавната админстрација, вели Гоцевски.
Тој дава друг осврт на бројката на вработени.
Не е проблем колкава е бројката на јавната администрација, туку каква е таа внатре, вели тој.
Во 2016 беше многу полошо поставена, поентира тој и вели дека сликата постепено се менува по 2016 година.
Целото интервју погледнете го во продолжение: