Пожар утринава го зафати поранешниот „Тутунски комбинат“ во Тетово, познатиот Монопол во градот под Шар Планина. Црн густ чад се издига над градот, па од СВР-Тетово апелираат граѓаните да се воздржат од непотребно излегување, поминување или задржување на местото на пожарот.
Противпожарната единица во Тетово и неколку нивни возила веќе се на терен.
„Во 09.30 часот во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар во магацин за складирање на производи на тетовска фабрика, лоциран помеѓу улиците „Маршал Тито“ и „Борис Кидрич“ во Тетово. Според првичната пријава нема повредени лица, а екипи на Територијалната противпожарна единица Тетово преземаат мерки за гаснење на пожарот“ – информираше портпаролот на СВР Тетово – Марјан Јосифоски.