Гори кај Свети Николе, активирани се хеликоптери од МВР

Гори сува трева и ниска вегетација во непосредна близина на Свети Николе, кај Кривчева река.

Пожарот избил пред нецел час и се заканува да зафати некои од викенд куќите во ова населено место.

Од ЦУК информираат дека поради опасност пожарот да зафати куќи на терен се два хеликоптери на МВР кои ќе се вклучат во негово гаснење.