Неколку експлозии се слушнале во текот на ноќта во Доњецк, град окупиран од Русите. Во пламен е зградата на железницата.
Русите повторно го лажираат повлекувањето од Херсон за да ги намамат украинските сили во улични борби во клучниот град, изјави Наталија Хумениук, портпаролка на украинската војска.
„Руските трупи многу напорно се обидуваат да ги убедат сите дека се повлекуваат, но во исто време гледаме објективни докази дека тие остануваат“, рече Хумениук во интервју за украинските медиуми.
⚡️The building of the railway administration in the temporarily occupied Donetsk now. Video from a local telegram channel. https://t.co/Ke4FIvgmD3 pic.twitter.com/VXTmEGv43T
— FLASH (@Flash_news_ua) November 7, 2022