Гордон Браун: На Путин треба да му се суди како на нацистите

Гордон Браун – поранешниот британски премиер рече дека рускиот претседател Владимир Путин треба да се соочи со меѓународен суд поради неговите постапки во Украина.

Екс-лидерот на лабуристите е меѓу 140-те академици, адвокати и политичари кои потпишаа петиција со која се повикува на правен систем по примерот на Нирнбершките судења на нацистичките воени злосторници по Втората светска војна.

Меѓународниот Кривичен суд веќе води истрага против рускиот претседател за наводни воени злосторства, но некои велат дека овластувањата на овој суд се ограничени.