Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев официјално објави крај на својата богата фудбалска кариера.
Тој во интервју за „Газета дело Спорт“ ја објави оваа информација, која тој ја најави уште по завршувањето на ЕП 2020 каде со Македонија настапи за првпат на едно такво натпреварување.
„По 20 години кариера, доста е со фудбал. Мојот син наполни 13 години и во целиот живот успевав малку почесто да го видам само во паузите меѓу две сезони. Сега дојде време да уживам со моето семејство. Веќе никако не ми влегуваше во глава дека ќе морам да одам на нови подготовки и знаев дека е доста. Ќе останам во фудбалот бидејќи друго и не знам да работам. Сè уште не знам што, но не сакам да бидам тренер. Можеби агент, спортски директор“, изјави Пандев за „Газета дело спорт“.
Зад името на Пандев ќе останат над 500 натпревари во италијанската елита и повеќе од 100 гола и сигурно дека остави белег во италијанскиот фудбал.
За Македонија настапи на 122 натпревари и постигна 38 гола.