Горан Пандев на крајот сезонава оди во фудбалска пензија
Легендата на македонскиот репрезентативен фудбал – Горан Пандев потврди ја игра последната сезона во калчолигашот Џенова, а идното лето фудбалски ќе се пензионира.
„Гранде Пандев“ даде интервју за италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“ каде најави дека по завршувањето на професионалната фудбалска кариера ќе остане вклучен во фудбалот.
„Дефинитивно ова е мојата последна сезона. Што се однесува до мојата иднина не се гледам себе си како тренер, можеби како менаџер или нешто слично“ рече Пандев.
Македонскиот фудбалски ас со многу комплименти и за неговиот поранешен тренер Жозе Мурињо и за актуелниот кормилар на Џенова – Андриј Шевченко кој утре ќе дебитира во Џенова токму против „волчицата“ на Мурињо.
„Доаѓањето на Шевченко во Џенова е голема работа за нашиот клуб. „Шева“ е амбициозен тренер, со победнички менталитет и несомнено од него многу се очекува. Што се однесува до Мурињо, за него имам само пофални зборови. Тој е човекот кој ги промени моите фудбалски погледи“ рече македонскиот голгетер.