Горан Мисовски – како единствен кандидат беше избран за нов претседател на НСДП. Тој доаѓа на позицијата која досега ја држеше основачот на партијата, Тито Петковски.
Од присутни 426 делегати, правото на глас го остварија 314 од кои 308 гласаа ЗА, тројца беа ПРОТИВ, а три ливчиња беа неважечки.
Конгресот на НСДП помина во на моменти тензична атмосфера, а претходно Кристијан Трајковски се повлече од трката и не се самокандидираше, бидејќи според него, Конгресот е нелегитимен и се направил фалсификат со делегатите.