Горан Иванов на местото на Арафат Муареми

Горан Иванов е новиот в.д. директор на Управата за финансиска полиција. Тој денеска на владина седница беше назначен на местото на Арафат Муареми, потврдуваат од Владата за ,,Фокус”.

Иванов досега работел како инспектор во Управата. Како што дознаваме, тој во Управата дошол пред две години, а претходно работел во банка.

Муареми пак пред неколку дена се повлече од позицијата. Неговиот мандат истече во февруари, по што беше назначен за в.д. директор.