Автомобил марка „голф“ со кумановски регистарски таблички излета од мостот и се преврте во коритото на реката Вардар кај Желино.
Според првичните неофицијални информации, возачот возел со неприлагодена брзина.
Полицијата и пожарникарите се на местото на настанот. Автомобилот е извлечен од коритото, а се работи на пронаоѓање на возачот и проверка дали во автомобилот имало и други патници, соопштија од полицијата во Тетово.