
Словенија ќе стои цврсто на ставот дека по уставните измени на Mакедонија не смеат да и се поставуваат дополнителни прашања во процесот на преговори.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб е дециден дека процесот на преговори не смее да запре, бидејќи европскиот пат на земјава е најсилен гарант за стабилноста на регионот. Голоб се надева дека политичките партии ќе го преопознаат актуелниот момент.
-Се работи за историска можност која нема врска со партиска припадност туку со иднината на целиот македонски народ, на друга страна имаме разбирање на овој процес меѓу самите членки на ЕУ. Во Брисел ќе стоиме црвсто на ставот дека сегашниот процес на преговори не смее да застане со внесување на на билатерални дополнителни прашња на агендата, ќе инсистираме да одиме напред со оние процеси кои веке беа договорени со проманата на уставот дека не смее да се внесува никакви дополнителни барања во процесот на преговори, истакна словенечкиот претседател Голуб.
Премиерот Ковачевски на прес конференцијата непосредно откако со Голоб ја потпишаа заедничката декларација за зајакнување на соработката мегу двете држави потенцираше дека Македонија ги затвори сите отворени прашања со соседите, и како што изјави секогаш кога се носела државничка одлука Македонија излегува посилна и оди напред.
-Силно верувам дека ќе останеме посветени и успешно ќе чекориме на европскиот пат, иако некои внатрешни и надворешни сили, можеби не го посакуваат тоа“ – порача Ковачевски.
Освен силната политичка поддршка, во последните две декади Словенија со 40 милиони евра ја поддржа имплементацијата на реформите, а во делот на економијата, со седум проценти Словенија е петти странски инвестотор во Макеоднија, потенцираше Ковачевски.