
Голоб: Замрзнатите руски средства се најсилниот инструмент на ЕУ за мир
Словенија ќе ја земе предвид загриженоста на Белгија и нема да поддржи ниту едно решение што Белгија ќе го одбие, рече Голоб пред почетокот на самитот на Европската Унија во Брисел.
Словенија ќе ја поддржи секоја одлука што може да доведе ставање крај на војната во Украина, изјави денеска словенечкиот премиер Роберт Голоб, додавајќи дека замрзнатите руски средства се најсилниот инструмент што Европската Унија го има на располагање за остварување на таа цел.
Словенија ќе ја земе предвид загриженоста на Белгија и нема да поддржи ниту едно решение што Белгија ќе го одбие, рече Голоб пред почетокот на самитот на Европската Унија во Брисел.
Европската комисија предложи замрзнатите средства на руската централна банка да се искористат за обезбедување на голем кредит за Киев. Поголемиот дел од овие средства се наоѓаат во белгиската клириншка куќа Euroclear.
Белгија изразува голема загриженост поради потенцијалните правни и финансиски ризици кои би можеле да настанат со ваквиот потег.