Голманот на италијански Јувентус синоќа во 44. минута од натпреварот против Спортинг Лисабон го напушти теренот со солзи во очите, видно вознемирен.
Како причина за неговата ситуација на теренот претходеше судирот со дирекот од голот, по кој тој останал без воздух, па почувствувал болки.
Докторите во Јувентус по првите прегледи утврдиле дека сепак се е во ред со Шчесни, а по натпреварот, голманот им се обрати на медиумите преку социјалните мрежи.
„Бев исплашен како никогаш досега. Ова ми се нема случено во кариерата. Никако не успевав да дојдам до воздух и тоа ме загрижи многу. Сега сум добро, одработивме некои тестови и делува дека се е во ред“, порача голманот Војчех Шчесни.
Јувентус синоќа успеа во првиот четвртфинален натпревар да го победи Спортинг Лисабон со голот на Федерико Гати во 73 минута.