Русија во текот на ноќта го нападна јужниот град Одеса со крстосувачки ракети „Калибр“, од кои две беа соборени од градската противвоздушна одбрана, според прелиминарните информации од Јужната команда на украинската армија.
Во објава на Фејсбук командата наведува дека по нападот „пријавен е пожар во близина на деловниот центар и зафатен е магацинот на трговскиот синџир“.
Три лица загинаа, а најмалку 13 се повредени.
Експлозии се слушнале во Одеса околу 2:30 часот по локално време, проследени со пожар и големо количество чад.