Голем пожар утринава во населбата „Бангладеш“ во Нови Сад

Пожарот во нехигиенската населба „Бангладеш“ во Нови Сад, кој избувна рано утринава, е локализиран и нема повредени, дознава „Телеграф.рс“.

На терен се 13 пожарникари со 7 противпожарни возила.

Во близина на пожарот е лоцирана и екипа на Брза помош.

Од пожарот беа зафатени околу 1.400 метри квадратни.

Во гаснењето учествуваа и членови на доброволни противпожарни единици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs)