
Голем пожар на југот на Албанија, евакуирани села
Пожар од големи размери го зафати јужниот дел на Албанија. Во општина Финиќ, изгореа две куќи, евакуирани се жителите на две села, а се вложуваат максимални напори да се спречи ширењето на пожарот кон хидроелектраната „Бистрица".
Пожар од големи размери го зафати јужниот дел на Албанија. Во општина Финиќ, изгореа две куќи, евакуирани се жителите на две села, а се вложуваат максимални напори да се спречи ширењето на пожарот кон хидроелектраната „Бистрица”.
-Критичната е состојба во селата Велахово, Ливина, Ардасово, Бистрица и Кронѓ. Евакуации беа извршени во Ливина и Ардасово. На терен е присутен и министерот за одбрана Пиро Венгу, објавија медиумите.
Високите температури и силниот ветер го фаворизираат ширењето на пламените јазици, во чие гаснење се вклучени пожарникари од Финиќ, Делвина, Кониспол и Саранда, припадници на армијата, а се гасне и од воздух.
-На постарите лица им беше понудена и медицинска помош, а од безбедносни причини, сообраќајот е ограничен на патот Музина – Бистрица. Ограничувањето ќе продолжи до крајот на операцијата, изјавил министерот Венгу.