Голем пожар избувна во БиХ, изгоре зградата на текстилна компанија

Во текот на ноќта голем пожар избувна во производниот погон на зградата на модната конфекција Кула Градачац во Босна и Херцеговина.

Пожарникарите со поддршка на колегите од Сребреник како и работници од компанијата се обидуваа да го изгаснат пожарот.

Голем облак од чад беше видлив над производниот погон, а иако првите информации се уште се нецелосни, евидентна е огромна материјална штета, објави порталот „Кликс“.

Причината за пожарот засега не е позната.