
Голем пожар во трговскиот центар во населбата „5 Мај“ во Тирана
Пожарот што го зафати трговскиот центар во населбата "5 Мај" во Тирана беше ставен под контрола по околу четири часа интензивна интервенција на противпожарната служба, но целосно не е локализиран.
Пожарот што го зафати трговскиот центар во населбата “5 Мај” во Тирана беше ставен под контрола по околу четири часа интензивна интервенција на противпожарната служба, но целосно не е локализиран.
Во гаснењето на пожарот беа вклучени голем број пожарникари и возила а повлечени се и оние кои беа во Драч кои беа ангажирани во справувањето со поплавите.
Била побарана помош и од армијата и пожарникарите од Елбасан и Вора.
Ситуацијата во моментов е помирна, а од безбедносни причини електричната енергија е исклучена во областа.
Властите потврдуваат дека нема повредени, но материјалната штета е голема.
Пожарникарите продолжуваат да го следат местото на пожарот за да се избегне повторно активирање на пламенот, додека причини за пожарот ќе бидат утврдени по официјалното вештачење.
Пламенот се проширил на околу 50 продавници и неколку магацини во индустриската и комерцијалната зона на главниот град на Албанија.
Според извештаите, пламенот зафатил продавници и магацини од пазарот за половна облека, кои се наоѓаат во населбата ” 5 Мај” пренесуваат албанските медиуми.
Состојбата од блиску ја следела и министерката за внатрешни работи Албана Кочиу.