Голем пожар избувна во термалниот парк „АкваЛуна“ во словенечкиот град Подчетртек, недалеку од хрватската граница.
ПУ Целје само кусо соопшти дека се запалила хотелската зграда, без да прецизира дали станува збор за станбена или магацинска зграда. Како што може да се види од видеото, пожарот целосно зафатил една од зградите веднаш до базените.
Според првите информации нема повредени. На терен има многу пожарникари, а според досегашните информации пламените јазици се уште не се целосно под контрола.
Според информациите од Управата за заштита и спасување, пожарот избувнал нешто по 17 часот. Први пристигнале пожарникарите на доброволните противпожарни единици кои засега не успеале да го локализираат пожарот.