Голем интерес за вакцинација во Софија, има недостиг на вакцините на Фајзер
Пред божиќните и новогодишните празници во Бугарија долги редици од луѓе кои сакаат да се вакцинираат против Ковид-19. Поради тоа има недостиг на вакцината на Фајзер/Бионтек во центарот за имунизација на болницата „Пирогов“ јавуваат тамошните власти.
За последните 24 часа во Бугарија се употребени 3.334 вакцини, од кои 2.438 се на Фајзер/Бионтек, 462 на Модерна и 434 на Јансен.
Досега во Бугарија се аплицирани вкупно 3.658.694 дози на вакцини против Ковид-19.
Сепак, вкупниот број на вакцинирани во Бугарија е премногу низок – 30 отсто.