Големи три бода за Вардар против „лавовите“

По серијата од четири порази конечно победа на контото на Вардар и „четата на Васоски“.

По вторпат оваа сезона екипата на Вардар успеа да ја победи Македонија ЃП. Попладнево во Ѓорче тимот на стратегот Александар Васоски сосема заслужено славеа со 0:1. Па така сега имаат вардарци 14 бода и покажуваат знаци на живот во битката за опсатнок.

Во Вардар се свесни дека битката продолжува, дека нема предавање и дека се е можно. Потребна е само една мини – серија од две победи по ред за Вардар и дефинитивно покаже дека нема намера да се предаде така лесно.