Големи поплави во повеќе градови во Албанија, најкритично во Драч, Леже и Кукс, почната е и евакуација

Обилните и интензивни врнежи од дожд присутни на целата територија на Албанија, од вчера доцна попладне, предизвикаа поплави во повеќе градови, а најкритична е состојбата во пристанишниот град Драч, во севрозападниот округ Леже, на север во округот Кукс, како и во уште неколку окрузи.

Обилните и интензивни врнежи од дожд присутни на целата територија на Албанија, од вчера доцна попладне, предизвикаа поплави во повеќе градови, а најкритична е состојбата во пристанишниот град Драч, во севрозападниот округ Леже, на север во округот Кукс, како и во уште неколку окрузи.

-Драч е најпогоден град, од лошите временски услови, каде има области каде нивото на водата на улиците достигнува и до 50 сантиметри. Патиштата остануваат речиси непроодни во многу населби во градот. Наставата е прекината во повеќето училишта во Драч поради ситуацијата создадена од обилните дождови и блокадите на патиштата. Според локалната канцеларија за образование на Драч, родителите и наставниците се известени да избегнуваат движење додека не се смири ситуацијата, објави Топ чанел.

Според истиот извор, воведена е забрана за испловување на бродови и траекти, поради високите бранови и силниот ветер. Моментно, десет семејства се евакуирани поради поплавување на нивните домови и се сместени во Домот за рехабилитација на Министерството за внатрешни работи.

Ништо подобра не е состојбата и во другите окрузи, каде има одрони од камен и повеќе свлечишта. Ситуацијата се влошува и на автопатот Драч-Тирана, каде што неколку возила се онеспособени и предизвикуваат проблеми поради високото ниво на вода во некои сегменти од овој важен пат.

-Во Драч се ангажирани армиски возила и припадници на армијата од Базата за поддршка на цивилни вонредни ситуации за справување со ситуацијата со поплавите. Во операцијата се ангажирани се и моторни пумпи, со голем капацитет. Возилата работат и во областа Шкозет, на автопатот Драч-Тирана и на патот Бургу за справување со ситуацијата на терен. Сите служби се на терен, ги замолуваме граѓаните да не излегуваат од дома без некоја поголема потреба, објави доцна попладнево министерот за одбрана, Пиро Венгу.

Прекин во наставата и евакуации има и во округот Лежа и Кукс, каде поради искинати далноводи, од силниот ветер, во повеќе населени места има прекин во снабдувањето со електрична енегија

Надлежните информираа дека преполни се и трите вештачки акумулации на каскадата на реката Дрим, каде веќе се отворени портите на браните и се испушта по 700 кубни метри вода во секунда, што според медиумите дополнително може да ја влошат состојбата со поплави во овој дел на земјата.