Големи загуби на Пепси поради ситуацијата во Украина

Производителот на пијалоци Пепси (PepsiCo) има загуби од околу 500 милиони долари во Русија и во Украина поради руската инвазија од 24 февруари, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори од компанијата.

Пепси ги информираше своите инвеститори дека загубиле околу 241 милион долари како резултат на падот на вредноста на своите брендови и уште толку поради принудниот отпис на доспеаните износи и падот на вредноста на резерви во регионот.

Во март Пепси соопшти дека ги стопира продажбата на пијалоци, инвестициите и рекламирањето во Русија.