
Големите фудбалски асови кои повеќе нема да ги гледаме на Мундијал – Меси, Роналдо и Модриќ
За некои од најдобрите фудбалери на денешницата, Светското првенство во Катар најверојатно беше последно.
Меѓу оние кои најверојатно нема да играат на следното Светско првенство се три имиња: Лионел Меси, кој претходно најави дека ова ќе му биде последен Мундијал, Кристијано Роналдо кој на социјалните мрежи трогателно се прости од репрезентацијата и Лука Модриќ, кој претходно најави дека ќе му го препушти местото на некој друг во хрватската репрезентација.
Има многу други кои исто така се во доцните играчки години.
Меѓу нив е и Оливие Жиру, кој имаше одличен турнир на Блискиот Исток, Тука се и Португалецот Пепе, па Левандовски, Луис Суарез, Мануел Нојер и Томас Милер.