Голема полициска акција во Струмичко-гевгелискиот Регион

Aкцијата ja води јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

Голема полициска акција синоќа низ Македонија. Според информациите, акциите се во Струмица и Гевгелија.

Во меѓувреме, дел од медиумите неофицијално, повикувајќи се на полициски извори, пренесуваат дека во акцијата се уапсени 30-ина цариници и полициски службеници.

Апсењата се поради несовесно работење во службата, како и земање на мито.

Акцијата се спроведува во координација со Специјализирано јавно обвинителство, кое е надлежно за гонење на кривични дела, вклучително и оние извршени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.