Големата победа во случајот Казандол – можност за привлекување нови странски инвестиции

С. Македонија е земја увозничка на странски капитал и уште по независноста правилно се определи за отворена економија, но и за склучување на билатерални инвестициски договори со голем број на водечките економии во светот, но и со најзначајните економски партнери. Инвестициската арбитражата за концесијата Казандол произлезе токму од еден таков билатерален договор, оној со Украина од 1998 година. Таа е една од петте инвестициски арбитражи кои беа покрената против Република Македонија во еден краток (Кунико за Фени, Блажо Тасев за САСА, Бинаниеви за Тораница, Артем Скубенко и др. за Казандол и Гама Гуч за Те-ТО), а кои сите завршија во полза на државата.

Вчера беше објавена големата победа на државата во инвестиционата арбитража за одземената концесија за рудникот Казандол.

Победата не е случајна, туку е резултат на долготрајна и макотрпна работа на огромен тим составен од адвокати и правници, но и на ангажираните вешти стручни лица од најразлични области.

Ангажманот на најреномираната меѓународна адвокатска фирма за инвестициска арбитража White &Case, сам по себе говори за сериозноста на пристапот на државата во овој случај.
Инвестициската арбитража е инструмент создаден од богатите западни земји, со цел на своите инвеститори да им овозможат директна арбитражна заштита против арбитрерното постапување на странските држави во кои го вложуваат својот капитал. Стана посебно актуелна по бранот на национализации и експропријации на претпријатија со странски капитал по успешните социјалистички револуции во ХХ-от век и извојуваната слобода на бившите колонии. Преку инвестициската арбитража богатите земји кои извезуваат капитал се ослободуваат од товарот од дипломатска интервениција (примена на најразлични видови на притисок) кон земјите каде е загрозен тој капитал, а земјите во кои е инвестиран капиталот добиваат можност во правораздавачка постапка, на рамна нога со странскиот инвеститор да се одбранат, односно да докажат дека нивните органи не постапуваат арбитрарно. На Правниот факултет, јас го воведов предметот Инвестиционо право, каде што се изучуваат сегментите за заштитата на странските инвестиции, а посебно за инвестициската арбитража.

Инвестиционата арбитража има една карактеристика која е посебно незгодна инструмент за земјите увознички на капиталот, а тоа е целосното преиспитување на постапките на нивните државни органи од страна на независни лица – арбитри.

С. Македонија е земја увозничка на странски капитал и уште по независноста правилно се определи за отворена економија, но и за склучување на билатерални инвестициски договори со голем број на водечките економии во светот, но и со најзначајните економски партнери.

Инвестициската арбитражата за концесијата Казандол произлезе токму од еден таков билатерален договор, оној со Украина од 1998 година. Таа е една од петте инвестициски арбитражи кои беа покрената против Република Македонија во еден краток (Кунико за Фени, Блажо Тасев за САСА, Бинаниеви за Тораница, Артем Скубенко и др. за Казандол и Гама Гуч за Те-ТО), а кои сите завршија во полза на државата.

На страната на Украинските инвеститори кои тврдеа дека арбитрерно им е раскинат концесискиот договор од Владата беше адвокатски тим предводен од Чери Блер, сопругата на поранешниот Британски премиер Тони Блер. Меѓу бројните ангажирани вештаци-експерти од нивната страна беа и две професорки од Правниот факултет во Скопје, Гордана Лажетиќ и Родна Живковска. Очигледно ни тоа не помогна за да се докажат тврдењата за арбитрерно постапување на државата спрема украинските инвеститори.

Пресуди арбитражен совет предводен од врвен Англиски адвокат Али Малек, но во советот беа и две величини на инвестициската арбитража, Станимир Александров, ангажиран од тужителите и Јан Паулсон, ангажиран од тужената држава.

Победата во инвестициската арбитража за Казандол, но и победите во другите инвестициски арбитражи државата треба да ги искористи за промоција на С. Македонија како безбедна дестинација за странските инвеститори. Секако, и Правниот факултет може да се пофали со ангажманот на своите професори на страната на државата.

Фејсбук статус на Тони Дескоски, Универзитетски професор